Екипите на ЈП Охридски Комуналец согласно програмата за работа на јавното претпријатие во делот за чистење на споменици и спомен обележја извршија хорикултурно уредување, чистење и миење на спомен обележјето викано “Солза” во чест на загинатите бугарски туристи од бродската несреќа која се случи во 2009 година на денешен ден.
Денес, уште од раните утрински часови се спроведе миење на улиците во Стар град. Заради специфичноста на теренот и тесните улици беше ангажирана мала цистерна.