Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска оствари средба со македонскиот пливач Марко Пејчиновски.
Мојсовски изрази задоволство што спортист од ваков ранг е во Агенцијата, која воедно е највисока државна институција за спорт во државата. Тој искажа подготвеност АМС да помогне во подготовките за следниот подвиг и додаде дека на Марко е да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува.

АМС











