вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Делегација од бугарската амбасада во Скопје положи цвеќе на меморијалниот споменик од бродската несреќа во Охрид

Денес се навршуваат 13 години од најголемата бродска несреќа во Охридското Езеро, кога потона бродот “Илинден“. По тој повод, денес делегација од Бугарската амбасада во Скопје, претставници на локалната самоуправа, Капетанијата од Охрид и граѓански здруженија положија свеже цвеќе на меморијалнииот споменик, посветен на жртвите.

Бродот “Илинден“ превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, а потона на 250 метри од брегот, при што загинаа 15 бугарски туристи.

 

општина Охрид