вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Во сообраќајка кај Ќафасан повредени двајца стружани

Во сообраќајна несреќа што се случила попладнево, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, повредени се двајца жители на Струга.

Несреќата се случила на патниот правец Ќафасан -Поградец, кај селото Пискупат, објави Република.

– Во сообраќајната несреќа учествувале автомобил марка „мерцедес“ управувано од 48 годишен жител на Струга, Македонија и автомобил „голф“ управувано од (22) годишен албанскиот државјанин. Притоа, со повреди се здобиле двајцата возачи и 46 годишна жителка на Струга, сопатник во возилото „мерцедес“, јави агенцијата Балкан веб.

Повредените се згрижени во болницата во Поградец, каде се под целосна грижа на лекарите и не се во животна опасност.

Увидна екипа е на терен, а според првичните сознанија причина за несреќата е неприспособената брзина на движење според условите на патот.

извор: Република.

фото: Балкан веб.