Поради подготвителни работи во врска со сценографијата за годинешното издание на СВП известуваме дека:
- На 24.8. 2022 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата за патни возила на кеј „Борис Кидрич“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото отварање, за манифестацијата Меридијани, која ќе се поставува истиот ден 24.8 (среда) од 12 чот., пред главниот влез на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.
- На 27.8. 2022 година во 12 часот планирано е да се затвори улицата „Партизанска“ во Струга поради изведба на работи поврзани со поставување на сценографијата за свеченото затворање на фестивалот. Свеченото затворање е предвидено за 28.8.2022 година со почеток во 20:30 часот.
За овие планирани затворања на две улици изготвен е сообраќаен елаборат, за кој е добиена согласност од Општина Струга, а изготвено е одобрение од МВР СВР Охрид.
Струшки вечери на поезијата