АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче на „Охридско лето“

Во рамките на 62-то „Охридско лето“ вечерва од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче.

Изложбата со наслов „Приказна од  душата-сликам со тебе“ ќе биде поместена  во Предворјето на црквата „Света Софија“.

Ликовната поставка e компилација од  дела што одликуваат четири базични емоции и тоа: среќа,љубов, тага и радост. Преточени во боја,навидум реални,но истовремено и имагинарни композиции, секое од нив носи своја микро приказна од морето на животот и остава свој печат во вечноста.

Д-р Наташа Попоска – Карче е родена во 1972 година во Охрид. По професија стоматолог, со сликање започнува активно да се занимава во 2013 година. Пејзажите, реални и имагинарни се нејзина особена пасија. Следејќи го сопствениот творечки порив за освојување нови внатрешни и интимни духовни хоризонти, создава дела со силна емотивна експресија. Зад себе има неколку самостојни и групни претставувања во Република Северна Македонија и во странство.

 

НУ Охридско лето