Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ во придружба на министерската за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска ќе го отвори Конзулатот на Република Србија во Охрид, соопшти српската Амбасада во земјава.
Според најавата, на отворањето на Конзулатот ќе присуствуваат и почесниот конзул на Србија во Охрид, Михајло Филев и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.
sitel.mk