Прекрасен спој на македонската музичка традиција и современиот џез, донесе концертот на Сашко Костов и Орхидеја Дукова, во рамки на втората вечер на Охрид Џез Фестивал.
Фестивалската програма продолжува и вечерва со настап на македонскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски, заедно со Зоран Јагоридовски, Дејан Милосавлевиќ, Гордан Спасовски и Горан Гешовски.
Концертот започнува во 20:30 часот, а влезот е бесплатен.














