Плажата пред Хотел Метропол во делот каде некгоаш стоеше лизгалката, деновиве ден по ден доби сосема нов изглед. Поставени се пластики кои треба да штитат од сонце, а се поставија и лежалки.
Согласно Закон во моментов организирана плажа може да има само пред хотелите, што очигледно Метропол го користи и ја направи плажата со лежалки.
Хотелот Метропол го наплаќа и паркингот и недозволува паркирање на капачи, а според непотврдени ифнормации кои ги пласираат жителите на Коњско, дискутабилно е до каде се границите на сопственоста на хотелот , отворајќи го прашањето дали оградите на хотелот се излезени надвор од поседот ?