Од вчера попладне заради поголем одрон на градилиште на улицата АСНОМ сообраќајот на оваа улица се одвива по една лента, додека дел од тротоарот и велосипедската аптека повеќе не постои.
Одрон на ископот има и покрај соседната зграда, каде исто така земјата се лизга, а поставена е и заштита од зелена мрежа, додека станарите од зградата автомобилите ги паркираат на другата страна.
Од вчера напладне просторот кај одронот е обезбеден и денес се очекува да се продолжи со санација од страна на компаниите инвеститори и изведувачи на работите.
Заради одронот неколку часа делови од Охрид останаа и без вода.
До утрово надлежните институции и државни инспекции не се огласени со информација околу овој настан.