петок, ноември 22, 2024
Актуелноглавни-вести

ЛЕВИЦА – ОХРИД ПОДНЕСЕ ПРИЈАВА ЗА НЕЛЕГАЛНО ВРШЕЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКА И ТРГОВСКА ДЕЈНОСТ

Соопштение за јавноста на партијата Левица – Охрид

Левица – Охрид до Државен Пазарен Инспекторат на 06.07.2022 поднесе пријава за недозволено вршење на угостителска и трговска дејност на места – плажите во насока од Охрид до Св. Наум и од Охрид до Струга, за кои не е добиена дозвола за вршење на истата, од страна на Министерството за Економија и истите не се издадени под концесија.

Поради тоа Левица – Охрид бара пазарната инспекција да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба, која ја вршат лицата кои имаат поставено маси, штандови, шанкови, лежалки, пластични чамци, педалинки, чадори, фрижидери и друга опрема, преку која остваруваат приход, а за кој не добиле дозвола за работа и вршење на истата, а за кои е предвидено претходно добивање дозвола.

Исто така, Левица – Охрид бара, инспекцијата да постапи согласно Законот и истите да ги отстрани, бидејќи ниту една од наведените плажи нема добиено соодветна концесија.

Со почит,
Левица ЛО Охрид