АктуелноОхрид

Во конкуренција на учесници од 45 земји, 10 годишната охридска пијанистка Ана Кузманоска ја освои третата награда во Париз, Франција

Младата охридска пијанистка Ана Кузманоска оствари уште еден значаен успех.
На шестото издание на меѓународниот натпревар „Нови ѕвезди“ што се одржува во Париз, Франција, таа ја освои третата награда, во огромна конкуренција на учесници од 45 земји. Натпреварувачите беа оценувани од меѓународно жири составено од еминентни професори.

Со оваа признание, Ана заокружува еден убав циклус во рамките на школската година, во која таа освои бројни награди и признанија. Меѓу нив е и првото место на Државниот натпревар, како и специјална прва награда на натпреварот „Полихимниа 2022“, на кој ја понесе и наградата за најмлад најуспешен натпреварувач. Покрај тоа, таа доби и бројни пофалби од истакнати музички педагози, за нејзините изведби и посветеност.

Десет годишната Ана Кузманоска е ученик во ОМУ „Методи Патче“ – Охрид, во класата на професор Ана Ѓорѓиоска.

извор: ОхридПрес фото: архива