АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Македонски енергетски форум 2022 денеска и утре во Охрид

Синергија во справувањето со енергетските предизвици, пазарот на гас во Западен Балкан во време на енергетска криза, аспекти на декарбонизацијата во Југоисточна Европа од перспектива на различни нивоа на власт се само дел од темите за кои ќе се зборува на петтото издание на МЕФ Енергетскиот форум, што ќе се одржи денеска и утре во Охрид.

Форумот е поделен во седум панели и на него, како што е најавено, се очекува присуство на високи владини претставници од земјава и регионот, амбасадори во земјава, претставници на домашни и странски енергетски компании, како и бројни важни чинители од земјата и регионот.

Настанот е во организација на ЗИП Институтот, Владата на Република Северна Македонија под покровителство на кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, Амбасадата на САД во Скопје, и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

nezavisen.mk