вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Левица Охрид: Охридските села без вода во 21 век

Жителите на с. Долно Лакочереј, секое лето, години наназад, скоро и да немаат вода, ни за пиење, ни за одржување лична хигиена.
Според нивните информации кои ни ги пренесоа, порано во селото имало селски водовод кој го отстапиле на ЈП Водовод со цел да добијат поквалитетна услуга, со оглед на тоа што редовно си ги подмируваат сметките за потрошена вода кон ЈП Водовод Охрид. Но, состојбата оттогаш станала уште полоша од претходно.
Жителите на с. Долно Лакочереј, многу пати се обратиле до ЈП Водовод со поплаки, но оттаму им било кажано дека проблемот кој го имаат настанал поради голем број диви приклучоци со кои се наводнувале нивите.
На сите ни е јасно дека постојат диви приклучоци со кои се нанесуваат загуби на ЈП Водовод, но за тоа најмалку се виновни жителите на охридските села, туку единствени виновници се неспособните раководства во ЈП Водовод, години наназад.
Жителите на с. Долно Лакочереј бараат ЈП Водовод конечно да им обезбеди вода за пиење и за нормално одржување на хигиена во летниот период во нивните домаќинства,  во спротивно со протести ќе бараат сами да стопанисуваат со селскиот  водоводот и ќе престанат да ги плаќаат сметките што ги добиваат од ЈП Водовод.
Истиот проблем го имаат и жителите на с. Лескоец, во Курајчко маало, каде стотина домаќинства остануваат речиси без вода во летниот период.
Левица ЛО Охрид