АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

VII-та Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ – 2022 година

Во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ – Охрид.

Културната манифестацијата ќе се одржи на 25 јуни 2022 г. (сабота) со почеток во 13 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.

VII-та Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е дел од културните манифестации во Програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2022 година.

Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија.

На манифестација ќе земат учество 60 поети од Македонија и странство откако се изврши селекција од 170 пристигнати поетски творби на претходно распишаниот конкурс за македонски поети, странски поети, млади поети и поети од дијаспората.

Во Организацискиот одбор на манифестацијата се: Мирко Томовски, Митре Мангоски-Радождански и Перчо Божиновски.

Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид, Д-р Кирил Пецаков.

Помагатели се Општина Охрид, Дебарско-Кичевската Епархија, црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”-Каменско, Македонско литературно друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан-Австралија.

Од Каменско нека одекне македонската поетска реч на сите страни!