АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пригодна програма за одбележување на Денот на Охридското езеро

Во организација на Едриличарската федерација на Република Македонија, а со поддршка на Општина Охрид, подготвена е пригодна програма по повод Денот на Охридското Езеро, 21-ви јуни.

Во текот на денешниот ден предвидена е Панел- дискусија: „Запознај го едрењето – заштити го езерото “ – Проект на Едриличарска федерација на Македонија, поддржан од Европската Унија. Настанот ќе се одржи во  Општина Охрид – мала сала

Панелисти:

Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид,
Преставник на ЕУ мисијата во Република Македонија
Будимир Соколовиќ – претседател на Едриличарската федерација на Република Македонија;
Даниел Богнер –експерт за заштитени подрачја;
Претставник од Хидробиолошки завод – Охрид;
Горан Устијаноски – капетан на Капетанија на пристаништата на Република Македонија;

Утре на 21 јуни во 10 часот  предивено е  Флотила на Денот на Охридско Езерото на Градско пристаниште

Додека пак попладне во 19 часот предвиден е Солистички концерт на еминентниот пијанист Александар Јаковлев;
Црква Света Софија

Носител: Општина Охрид, Општина Поградец, Општина Струга, невладини организации од трите градови, во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.

 

општина Охрид