Седиштето на Стопанска банка – Охрид ќе се пресели во нов објект. Станува збор за атрактивна локација на Ул. Македонски просветители. Куќата која во моментов се реновира за скоро време ќе биде седиште на банката.
Неофицијално дознаваме дека ова ќе биде единствениот објект на оваа банка и дека експозитурите ќе се затворат.
Прашање кое се наметнува е како ќе биде решен проблемот со паркингот за клиентите?
извор: Охрид 1
фото: Охрид 1