АктуелноОхрид

(ФОТО) ООУ Св. Климент Охридски покажаа дека се уникатни и единствени – годината ја завршија со „Талент шоу 2022“

Победник на „Талент шоу 2022“ на ООУ Св. Климент Охридски е Маркус Голев Мабуа, ученик од 9 одделение, полуматурант. Неговиот настап од самиот почеток остави впечаток на публиката, го пратеа аплаузи, со што навистина по пребројувањето на гласовите стана заслужено победник. Настапи со сопствена кореографија „My dance“ со што покажа огромен талент за играње. Маркус доби парична награда од Советот на родители, како и другите две награди: второ место група „Легенди“, ученици од 3 одделение, која ја сочинуваат: Ема Савеска, Јана Шурбаноска, Филип Глигороски, Теодор Блажески и Андреј Аиноски. Трета награда ја освоија првачињата Дарија Наумоска и Јана Шурбаноска.
На оваа манифестација сите учесници беа победници, покажаа навистина талент и во фолклорот, пеење, глумење, како и во магионичарски трикови. Секоја чест за сите, честитки за овие прекрасни деца!

извор: ФБ ООУ СВ Климент Охридски
фото: ФБ ООУ СВ Климент Охридски