Сите матуранти на денот на испитот по избраниот предмет треба да ги прочитаат упатствата на насловната страна на тест книшката.
За мајчините јазици (македонски, албански и турски јазик):
– да пишуваат со ракописно писмо. Кандидатите кои одговараат на македонски јазик треба да пишуваат со ракописно кирилично писмо.
За странските јазици (англсики, германски, француски, руски)
– внимателно да ги читаат инструкциите на секоја задача пред да почнат со одговарање на прашањата.
За сите предмети:
-Да НЕ препишуваат!!! (сите утврдени преписи од оценувачите се оценуваат со 0 поени)
-Да ги пренесат одговорите во Листата за ученик (ја добиваат заедно со тест книшката на денот на испитот).
-Да внимаваат при пренесување на одговорите во листата за ученик (да ги бојат крукчињата според даденото упатство на самиот лист).
-Да не ги пречкртуваат или бришат веќе пренесените одговори во листата за ученик.
-Да пишуваат исклучиво со пенкало кое пишува сино.Одговорите со молив или со пенкало во друга боја се оценуваат со 0 поени.
-Да не го пишуваат името и презимето во тест книшката или во некоја од задачите.
-инфрмираат од ОЕМУЦ Св.Наум Охридски Охрид.