петок, ноември 22, 2024
АктуелноРегион

Откажана посетата на Лавров во Белград

Најавената утрешна посета на Сергеј Лавров на Белград доби контури на политички трилер со елементи на „дипломатија под маса“, пишуваат „Новости“.

Како што неофицијално дознава „Новости“, доаѓањето на високиот гостин од Москва е под големо прашање, бидејќи Црна Гора, Северна Македонија и Бугарија го забранија прелетот на неговиот авион.

Тоа на дело ги потврди зборовите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој јавно објави дека работите се комплицирани во врска со планираното доаѓање на министерот за надворешни работи на Руската Федерација.

Поради новонастанатата ситуација, Вучиќ утре ќе се сретне со рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко.

 

новости.рс