АктуелноОхрид

Поп Арсова и Ивановски најбрзи на „Охрид трчат“

Балканските рекордери и македонски прваци Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција се победници на полумаратонот од 21 километар на шестото издание на спортската манифестација „Охрид трчат“.

Второто место во машка конкуренција му припадна на Американецот Џастин Фриман, а трет беше Тирон Мамуша од Косово. Во женска конкуренција втора до целта стигна Биљана Кираџиева, а трета беше Миљана Ристиќ, и двете од Република Македонија.

На трката на 5 километри најдобра беше Јана Стефановска, втора Бојана Наумовска, а трета Андријана Богдановска. Во машка конкуренција најбрз беше Кристијан Наумовски, втор Мартин Даески, а трет Наум Танески.

Учествуваа околу 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци 18 земји меѓу кои од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија, Полска и други земји. (Крај)

извор: Канал 5