АктуелноОхрид

Формиран Локален Совет за превенција за подрачјето на Охрид

Проект ,,Кон транспаретна, отчетна и инклузивна полиција во Македонија” реализиран од Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК со финансиска поддршка од САД.
Полицијата има незаменлива улога во одржувањето на јавниот ред и мир, спроведувањето на законите, заштитата на човековите права и безбедноста на државните граници.

Со одлука на Советот на Општина Охрид на 10-тата седница е формиран Локалeн Совет за превенција (ЛСП) за подрачјето на Охрид кој има за цел да изгради безбедна средина за живеење на локално ниво преку препознавање на локалните проблеми и градење на локални стратегии за решавање на проблемите со адекватно вклучување на надлежните субјекти.
Одржувањето вакви настани се од особено значење и придонесуваат за подобрување на јавното мислење и разбирање во однос на отчетноста на полициската организација преку зголемен степен на надзор и дијалог со цел подобрено носење и спроведување политики кои ја засегаат јавната безбедност.
Од мое лично име и од името на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид посакувам успешен работен ден и донесување важни заклучоци кои се во насока на потранспоретна и поотчетна полиција.
Во слободните часови посакувам да ги доловите убавините на Охрид. Прошетајте низ охридските сокачиња, секое маало во старото градско јадро ќе ви раскаже некоја легенда за охридскиот живот!
Ноќта поминете ја покрај Охридското Езеро за да уживате во месечевото капење и играта на езерските бранови!

-пишува во својата ФБ објава советикот Божиноски.