АктуелноОхрид

Обука за функционална проценка на попреченост кај деца

Сојузот на специјални едукaтори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, ги повикува сите заинтересирани лица да го искажат својот интерес за учество на Јавниот повик за учество на сеопфатна обука за функционална проценка на попреченоста кај деца, втемелена на Меѓународната класификација за функционирање, попреченост и здравје (МКФ)

Обуката се организира за потребите на стручните тела за функционална проценка по МКФ и е наменета за стручни лица: специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, лекари и социјални работници за територија на југозападниот плански регион (Охрид, Струга, Дебар, Кичево,Другово, Вевчани, Дебарца,Центар Жупа, Зајас,Осломеј, Македонски Брод, Вранештица и Пласница).

Обуката е наменета за стручни лица со минимум пет годишно работно искуство во својата професија, кои се високо мотивирани да ги прифатат вредностите во однос на примена на МКФ, посветеност кон мисијата за поддршка и заштита на децата со попреченост и развој на граѓанско општество, одговорност, личен интегритет, емпатија.

Обуката е составена од 30 часа теоретски (ќе се реализираат онлајн) и 10 часа практичен дел (со физичко присуство) во групи од 5-10 учесници. По завршување на обуката постои можност за ангажман во Регионалното стручно тело за функционална проценка со седиште во Охрид како членови или заменици.

Сите заинтересирани својата биографија и мотивциско писмо може да ги испратат на следнава електронска адреса mkf.mkdnt@gmail.com.со со назнака: „Пријава зa обука за стручни лица од југоззападен регион“ најдоцна до 20.05.2022 година. Само оние кандидати кои ќе бидат селектирани во потесниот круг на избор ќе бидат дополнително контактирани.

 

општина Охрид