АктуелноОхрид

Пожар во приколка товарена со слама на патниот правец Охрид-Ресен

На 27.08.2026 во 13:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во авто приколка натоварена со слама, а поставена на моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, кое се движело по патот Охрид-Ресен, во близина на селото Опеница.

 

Возилото го управувал лице на (48) од Охрид, а во пожарот нема повредени лица.

 

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.