АктуелноОхрид

Алфа : ЈП Водовод Охрид може да остане без вода

Состојбата во јавните претпријатија во Охрид е катастрофална, најлоша е ситуацијата во охридски “Водовод”. Препријатието не е во состојба да им подели плата на вработените, ако не е општина Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Отворено коментирајќи ги приликите кои ги затекнал, додава дека од општинската каса се издвојуваат пари за плати и на вработените во Комуналец, Нискоградба, Гратски пазар и Гратски гробишта. Удавено во долгови, ппосебно е неизвесна судбината на претпријатието кое го снабдува градот со вода оти во моментов само за струја има долг од 25 милиони денари.

Од август 2021-ва па до фебруари 2022-ра претхното раководство на Водовод не ги плаќало сметките поради тоа со месеци останале без струја.

„Нема иднина светла, има две опции или луѓе да се испуштаат како технолошки вишок, или да се исклучи струјата во пумпите и пристапот до вода да се огранични на граѓаните, или да се формира ново јавни претпиријатие.Не е во можност општина тоа да го издржи и радикални потези се возможни во иднина“, истакна градоначалникот Пецаков.

Голем дел од сретствата одат во Водовод,за да може се сервисира долгот и да се платат новите сметки за струја кои со поскапувањето, сега се повисоки за 5 милиони денари.Во спротивно не ќе можеме да ги снабдуваме граѓаните со вода, вели Пецаков-притисокот е огромен.

„Дополнително ситуацијата во општина Охрид е таква каква што е, судска рамка 14 милиони евра долг, едноставно катастрофална состојба.Со начинот на кој што асвалтираа пред се и кои што сметки сега стигнуваат.Пред избори 2,5 милиони евра чинеше асфалтирањето во Охрид за предизборната година и тоа се сметки кои што сега јас ги плаќам како градоначалник.Дополнителни 4 милиони не ми е јасно како настанале во периодот, меѓутоа допрва работите ќе излегуваат на виделина“, додава Пецаков.

Како ЗЕЛС пред 3 недели сите градоналници имавме средба во Влада, ние не бараме милостина, има мерки кои како локална самоупорава ни следуваат во одредени фази на децентрализација, но не верувам дека ќе наидеме на разбирање, заклучи Пецаков.

алфа.мк