среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

Денеска во Охрид 3 новозаразени лица со КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.221 тест, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 59, Битола – 7, Кавадарци – 4, Охрид и Делчево по 3, Куманово, Прилеп, Штип и Берово по 2 и по еден заразен од Гостивар, Струмица, Кочани, Гевгелија и од Демир Хисар.

Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 20 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (85 години). Починало во болнички услови. Во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (70 години). Починало во домашни услови на 30 април годинава.

 

МЗ