четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Ученици и професори од Ваљево во посета на ОЕМУЦ Св. Наум Охридски

Во перидот од 12.05 до 15.05.2022 година во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се 10 ученици и 5 професори од Техничкото училиште од Ваљево од Република Србија. Постета е во рамките на потпишаната соработка меѓу нашите два образовни центри и има за цел дружење и размена на искуства. Во рамките на посетата беа одржани заеднички часови на кои учествуваа и учениците од Ваљево, како и туристичка прошетка низ нашиот град, информираат од ОЕМУЦ  Св. Наум Охридски Охрид.