АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Државни натпревари на учениците од електротехничката, машинската и сообраќајната струка и МАССУМ 2022

На 06.05.2022 година, во Велес се одржаа XXIX Државни натпревари на учениците од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта како и овогодинешното Образовно рандеву МАССУМ 2022 година.

Домаќин на XXIX Државни натпревари беше ССОУ „Коле Неделковски“ и на овој натпревар зедоа учество и учениците од електротехничката, машинската и сообраќајната струка од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, при што нашите ученици:

Даниел Котоски од образовниот профил Електротехничар-енергетичар под менторство на професорите Владо Јанкулоски, Сашо Ѓеоргиески и Марија Шибакоска Настоски

Мухамед Асан од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника под менторство на професорите Љупчо Балески, Владо Јанкулоски и Билјана Аврамоска

Виктор Ставрески од образовниот профил Техничар за производно машинство под менторство на професорите Меланија Јосифоска и Наташа Јанкоска Китани и

Сашка Цветаноска од образовниот профил Техничар за патен сообраќај под менторство на професорите Ѓоко Милески, Весна Нанеска и Наташа Гредоска

ги освоија вторите места во своите образовни профили.

Исто така забалежително учество имаа и учениците: Петар Цаноски од образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика под менторство на професорите Сања Јованоска, Јане Цаноски и Билјана Аврамоска, Христијан Биткоски од образовниот профил Електротехничар за електроника и телекомуникации  под менторство на професорите Сашо Ангелески, Душко Савески и Љупчо Балески, Анастасија Алексоска  од образовниот профил Техничар за компјутерско управување  под менторство на професорите Горан Томоски и Тоде Дукоски и   Никола Ставрески  од образовниот профил Машински техничар за моторни возила  под менторство на професорите Ангеле Буџакоски и Меланија Јосифоска.

Домаќин на овогодинешното образовно рандеву МАССУМ 2022 година беше Средно училиште „Димитрија Чуповски“ при што нашите ученици освоија вредни награди.  Ученикот Марко Апостолоски ги освои второто место во категоријата за најдобра фотографија под менторство на професорката Билјана Божиноска и третото место  во категоријата Интервју за работа на англиски јазик под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска. Ученикот Бобан Кочески го освои четвртото место во категоријата Јавно говорење под менторство на професорката Билјана Божиноска. Штандот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ претставуван од учениците Евгенија Шулевска, Марио Анѓелковски, Антоанела Јосифоска, Асим Шефко, Едис Доко, Тамара Демир, Селма Ислами, Јана Паункоска, Климент Колоски и Јован Гиноски под менторство на професорката Билјана Божиноска го освои третото место.

ОЕМУЦ Охрид