АктуелноОхрид

Општина Охрид: Во СДСМ за жал постои терминолошка бариера, па не знаат да направат дистинкција помеѓу пишување и реализирање

Во целост се сложуваме со тврдењето на СДСМ дека Охриѓани гледаат и знаат. Затоа, токму Охриѓани ги испратија во опозиција на последните Локални избори. За жал, терминолошка бариера постои во СДСМ па не знаат да направат дистинкција помеѓу пишување и реализирање. Едно е да пишуваш, а сосем друго е да успееш да реализираш, се вели во реакцијата од Општина Охрид, на соопштението од ОО СДСМ.

Во продолжение го пренесуваме соопштението од локалната во целост:

За тоа колку проекти се реализираа во изминатите 100 дена јасно сведочи ОТЧЕТОТ за 100 дена кој што го изработивме и го презентиравме пред граѓаните, нешто што воопшто не беше случај со минатата владејачка гарнитура.

Незамисливо е колку гнев и омраза треба да имаш за да не си го сакаш сопствениот град. Секоја една инвестиција која се реализира или секој градежен зафат кој значи подобрување на инфраструктурата и условите на живот на граѓаните, наместо да го поздрават, тие од петни жили се обидуваат што повеќе да го искритукуваат.

Охриѓани се мудри, Охриѓани паметат и знаат да носат правилни одлуки.