Почина охридската занаетчиска легенда, опинчарот Милан Белев.
Милан Белев (1926-2022), занаетчија-ОПИНЧАР, роден во Охрид, на 13 години заминува во Зајечар, соседна Србија да го изучува кожарскиот занает, се враќа дома после 4 години и заедно со неговиот брат Ѓорѓи Белев. Заедно двајцата отвараат занаетчиски – опинчарски дуќан во старата охридска чаршија.
Неговиот дуќан подоцна наликува како еден мал автентичен музеј. Неговиот занает го предава на внукот Крсте Белев и правнуката на Милан, Елена Белева.
Погребот на Милан Белев ќе биде денес на градските гробишта во Охрид.