петок, март 29, 2024
АктуелноОхрид

Утре Литиска поворка ,,Кревање крсти,, низ Враништа

По повод верскиот празник поветен на Свети великомаченик Георгиј,  Богослужба  ќе биде отслужена во Соборниот храм Св Никола с. Враништа од 8.00 часот.
-После завршувањето на богослужбата започнуваме со нашата Литија,,Кревање крсти”.Литиската поворка ќе се упати до храмот Св Козма и Дамјан,Св.Богородица-Пречиста,Св.архангели Гаврил и Михаил,Св.Атанасиј,Св.Петка-Римјанка и завршуваме во Св.Никола.Се замолуваат сите благочестиви и богољубиви враништани да се собереме во што поголем број и заеднички да упатиме молитви кон семилостивиот Господ Исус Христос за здравје,спасение и секаков добробит на нашево село и нашава татковина Република Македонија и за мир во целиот свет.
Христос Воскресе!
-информираат од Соборниот храм Св.Никола во Враништа