сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Кривични пријави за Охриѓанец и Стружанец за „вршење јавен превоз без лиценца“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45 Охриѓанец и 32 годишен Стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контроли извршени на 08.04.2022 и на 23.04.2022 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „Форд“ и комбе „Форд Транзит“ што ги управувале пријавените, и констатирале дека немаат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.