АктуелноОхрид

СВР вршеше контрола на јавен превоз, не се констатирани прекршоци и други технички неисправности

На 19.04.2022 година од 06 до 10 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, извршија контроли на 10 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај. Притоа, не се констатирани прекршоци и други технички неисправности.