АктуелноОхрид

Охриѓанец со дрвен предмет удирал по метален бокс каде охриѓанка ги чувала своите кучиња, а неа физички ја нападнал

На 23.08.2026 во 11:34 часот во СВР Охрид е пријавено дека,  лице  од Охрид, во дворно место на улица „Крсте Мисирков“ во Охрид, сопственост на  лице на (57), со дрвен предмет удирал по метален бокс каде таа ги чувала своите кучиња, по што физички ја нападнал.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.