АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Успешно завршена комплетната Бреинобреин програма

Нови пет генерации на ученици успешно ја завршија комплетната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид. За таа прилика, на пригодна свеченост, во присуство на родителите, покрај стекнатите меѓународно признаени сертификати за завршени 10 нивоа на интернационалната Бреинобреин програма, традиционално, на децата од страна на тренерите им беа доделени соодветни таблоа.

Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма преку проверени и признаени едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика кои го поттикнуваат мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст за стекнување, развивање и потврдување на способностите за концентрација, фотографска меморија, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од страна на меѓународни инструктори.

 

Црвен крст Охрид