На 13.04 2022 година во ОВР Струга пријавено е сквернавење на гроб на Градските гробишта во Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Неофицијално, крадците користеле и детектори за метал, во обид најверојатно да стигнат до накит, кој бил закопан со лицата.