сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Што се случува во Грашница?

Од Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид“ од Охрид објавија фотографија од отпадните води кои директно се влеваат во Охридското Езеро во населбата Грашница, објави  ОхридПрес.

Глетката е страотна, а коментарот и прашањето на екологистите е едноставно:

– Што се случува овде????

Веќе долги години наназад се шири непријатна миризба во околината, а еколошките активисти постојано апелираат до надлежните што побргу да преземат конкретни мерки.

Проблемот е стар повеќе од 30 години и според експертите лежи во истекот на бајпасите кај плажата „Мизо“ и подолу кај вливот на реката Грашница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Енхелеус Лихнид