сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

(АУДИО)Кој се заканувал до обвинителот со „Ќе те отепам и косата ќе ти ја откорнам!“

По вчерашниот пост на ФБ во кој обвинителот од Охрид Војо Димоски ја потврди автентичноста на аудио снимката објавена на „Јутуб“ во која се слуша разговор кој тој го има со женско лице јавноста остана без одговор на повеќе прашања.

Кое е лицето кое на обвинителот му се заканува дека ако не прекине да пишува на ФБ ќе мора да покрене постапка и дека како што се слуша на крај му вели: „Ќе прекиниш оти ќе те отепам и косата ќе ти ја откорнам “

Каде е воден разговорт и кој ги озвучил просториите каде разговараат овие лица?

Неофицијално станува збор за обвинителка од повисока истанца која е надредена на обвинителството во Охрид. Оваа снимка го отвори и прашањето: „Какви се професионалните односи во обвинителствата низ Македонија, какви се меѓучовечките односи и какво е воопшто нивото на луѓето кои се обвинители, ако меѓусебе разговараат на ваков начин и вакво ниво. Според постот на ФБ обвинителот од Охрид ќе коментира после Велгиден бидејќи се наоѓа во пост, а сите останати институции молчат.

 

АУДИО СНИМКА  СО КЛИК  ТУКА