АктуелноОхрид

Давкова: За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција

Вечерва, во Вевчани, се обратив на Свечената академија „30 години Општина Вевчани“.
За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција.
Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и вевчанско, а вевчанскиот пасош сè уште го чувам, небаре горда вевчанка.
Како членка на вевчанската Академија за убави уметности, уште во деведесеттите години говорев, пишував и аргументирав дека Вевчани има право да биде самостојна општина, убедена дека неговата историска, културна и општествена особеност заслужува институционално признание и почит.
Има ли нешто поважно од тоа да се зачува место што е синоним за Виа Игнација, за бунтовност, за отпор, за себепочит и за немирен дух којшто создава, критикува и опстојува, пренесувајќи ги тие вредности од генерација на генерација?
Изразувам искрена благодарност до сите вевчанци кои вградиле дел од себе во развојот на општината.
Честитки, со искрени желби Вевчани и понатаму да остане оригинално, оригинерно и автентично!