четврток, ноември 21, 2024
АктуелноОхрид

Денес се празнува Преподобен Захарија

Син на Карион Египќанецот, којшто ги остави жената и децата и се замонаши, само синот Захарија го зеде со себе, бидејќи мајка му не можеше да го прехрани. Иако многу помлад од многумина старци во Скитот, Захарија се здоби со многу поголеми благодатни дарови од многумина меѓу оние старци. Од благодатта Божја чувствуваше како му гори целата внатрешност. На прашањето на свети Макариј кој е вистински монах, Захарија одговори: „Оној којшто непрестано се принудува себеси на заповедите Божји“. А на прашањето на авва Мојсеј што значи да се биде монах, Захарија ја симна камилавката, ја изгази со нозете, па рече: „Ако човекот не се смири и понизи себеси, не може да биде монах!“ Беше големо светило меѓу монасите во пустината и млад се упокои во Господ.

 

denovi.mk