Зголемувањето на цената на нафтата ќе доведе до зголемување на цените на авионските билети за 10 отсто, вели директорот на една од најголемите светски авиокомпании.
Директорот на Delta Air Lines, Ед Бастијана, изјави за Би-Би-Си дека конечното влијание врз цените на авионските билети зависи од тоа кога ќе се смират цените на горивото.
Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во последните 14 години по руската инвазија на Украина.
извор/фото: агенции