недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

17 март – Ден на крводарителството

Перманентната работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е зало7ба која Црвен крст Охид ја спроведува континуирано, посветено и совесно. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во нашиот град.

Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи.

Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството во Македонија, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот , унапредувањето и омасовувањето на крводарителството во Охрид и Дебарца.

Со оглед на ситуацијата со Ковид пандемијата, крводарителите кои во текот на 2021 година ги достигнале своите 5,10,25,50,75, или 100 крводарувања ќе бидат поединечно повикани во Црвен крст Охрид да ги подигнат своите признанија, соопштуваат од Црвен крст Охрид.

 

Црвен крст Охрид