Наш ИзборНаш изборОхрид

Кривична пријава за охриѓанка поради измама

Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишија од слобода  лице на(35) години  од Охрид затоа што на 02.03.2022 во 18.54 часот лице на (24) години  од Скопје пријавила дека во 17.32 часот пријавената поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачје на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело „Измама при добивање кредит или друга погодност” казниво по член 249 од Кривичниот законик.

Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, лицето  го признала делото. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

МВР