среда, ноември 20, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Обвинителството бара притвор за стружанецот кој чувал и продавал марихуана

Oбвинителството донесе наредба за спроведување на истрага против дилер на марихуана во Струга.

Од Обвинителството информираат дека осомничениот 27-годишен стружанец, во гаражата што ја користи во близина на неговиот дом на улицата „Мислешевски пат“, неовластено заради продажба држел вкупно 433,8 грама марихуана во бела најлноска ќеса.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да се обиде да влијае врз постапката со прикривање на трагите и влијание врз сведоците.​​

 

извор/фото: агенции