По иницијатива и идеја на претседателот на Советот на родители при ООУ “Григор Прличев” – Охрид, Сашко Георгиески, во соработка со директорот, стручната служба, наставничкиот кадар, Ученичкиот парламент и родителите, беше реализиран дводневниот хепенинг РЕТКОСТА ИНСПИРИРА.
Првиот ден од проектот РЕТКОСТА ИНСПИРИРА учениците пишуваа пораки со поддршка за Ретките, а настанот насловен “Напиши порака – обои срце” го оплемени училишниот двор со убави зборови.