Денес ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид го обележа 28 февруари, Меѓународен ден, но и месец посветен на лицата со ретките болести. Во рамки на училиштето се одржаа следните активности во паралелки во одделенска и предметна настава:
Преку работилница и низа активности, ги запознавме Ретките болести заедно со инклузивниот дефектолог Елена Арсовска и учениците од IV oдделение во соработка со одделенските раководители Ленче лабоска, Моника Кичеец, Виолета Јанковиќ и наставничката по англиски јазик Марија Симиџиоска Стојаноска, се вели во објавата од ОУ Св Клиемент Охридски.
Во објавата на ФБ се додава:
Понатаму, во знак на поддршка на децата со ретки болести, учениците од V-б одделение под менторство на наставничката Александра Родиќ ги обоија своите лица во боите на ретките болести.
Тие испраќаат порака дека треба да не ги нагласуваме различностите туку заедно да изградиме подобра училишна средина и да го направиме училиштето подобро место за сите нас. Ако сонуваме сами, сонот останува само сон, но ако сонуваме заедно, еден ден убавиот сон ќе стане реалност.
Исто така, учениците од 5-а одделение под раководство на одд. наставник Маја Маленко во боите на ретките болести го обележаа денот преку темата ,,Реткоста во светот претставува уникатност и престиж”.
Денот беше обележан и со учениците од предметна настава во соработка со одделенскиот раководител Катерина Кузеска.