АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Украина пред капитулација, Европа вечна „Блудница Вавилонска“

Рускиот плин тече низ Европа дури до Лондон

Додека Русија ја привршува инвазијата на Украина, а во ЕУ три дена портпароли и секретари држат прес конференции на кои јавноста ја „информираа“ дека воведуваат санкции кои ќе ја уништеле економијата на Русија, рускиот плин непречено тече низ плиноводите и ја снабдува пола европа со природен гас, па тече дури и до Лондон за да испорача 6 % од потребите на Обединетото Кралство.

По оваа информација која денес ја објавија европските компании за транспорт и продажба на природен гас ( кои се во заедничка сопственост на француски, холанадски, германски, британски и руски фирми ) стана јасно дека европските санкции се однесувале на официјални лица од Русија и олигарси, т.е. на физички лица, или во превод ова значи дека тие нема да можат да патуваат низ земјите на ЕУ, но тоа не важи за рускиот природен гас.

Никој од официјалните лица во Македонија која се придружи на санкциите на ЕУ нема дадедно детална информација дали нашите санкции значат и ембарго на увоз на плин, ( поточно на плински боци и мали плински боциња за варење кафе бидејќи Македонија нема гасовод и плин се користи само во плински боци за домаќинствата ) или и натаму ќе вариме кафе на руски гас ?

Инаку ваквото однесување на Европа ( која во 20 век во дипломатските кругови се нарекувала „Старата дама“ ) не е ништо ново во историјата. Таквото однесување е опеано и во македонската патриотска песна „Од врв Пирин планина“.

Во видеото е користен само дел од песната „Од врв Пирин планина“ во изведба на култната охридска група „Ансамбл Билјана“.

Од врв Пирин Планина
очаен глас се слуша,
Македонија плачи. [2х]
Проклета и триклета
да бидиш ти Европо,
блуднице Вавилонска. [2х]
Французи, Англичани,
Италијанци и Немци,
сакаат да сме под ропство. [2х]
Од рода сум Славјанка,
земја со злато полна,
зато завижџет толку. [2х]

подготвил: Љ.Таневски