News1.mkМакедонија

Почина композиторот Тоде Новачевски

Почина Тоде Новачевски, еден од најдобрите македонски композитори и поранешен сопруг на пејачката Маријана, после долго боледување од рак на белите дробови.

Новачевски на јавноста и е познат по многубројните хитови кои ги направи за сестринското дуо, близначките Маријана и Росана, а во ек на најголемата популарност, заедно со Маријана со која тогаш беа во брак се преселија во Австралија. Тој беше синоним за најпопуларниот сестрински дует кај нас и песната „Признавам“, испеан од Маријана и Росана. Тој повеќе децении беше во брак со Маријана, минатата година откри дека веќе две години се бори со карцином, но зборуваше и за подемите и падовите во бракот со Маријана и разводот.

Последните објави на неговиот профил се посветени на семејството, на љубовта кон децата, внуците, Маријана…