Сите предмети кои што се изработени од страна на општинската администрација и се доставени до Советот, за да одлучува по истите, се водат согласно Законот за бесправно изградени објекти и се во согласност со одлуката што беше донесена од страна на советот, каде што е кажано дека нема да поминуваат предмети кои што се до 50 метри во крајбрежен појас, рече секретарот на општина Охрид, Александар Китески, а како одговор на наводите од страна на некои еколошки организации и политички партии.
– За сите предмети кои што се во Национален парк има позитивно мислење и од Националниот парк и од Министерство за животна средина, кои што се нормално во прилог на предметите. Од страна на комисиите констатирани се на лице место бесправно изградени објекти, и по извршен преглед од страна на архитектите утврдено е дека истите се надвор од зоната 50 метри, така што уште еднаш ќе кажам оние предмети кои што се доставуваат до советниците се согласно законот и согласно планот за управување со културното и природно наследство на Охридскиот регион, истакна Китески.