сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Охриѓанката ја оштетила компанијата за над 3 милиони денари, вмешани се и други лица – велат од компанијата

Направената штета во текот на изминатата година е над 3 милиони денари и вмешани се и други лица, велат извори од оштетената охридска компанија за OhridPress, откако денес беше обелоденето дека 32-годишна охриѓанка присвоила над 1,1 милиони денари од компанијата каде работела.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишната А.Л. од Охрид.

– Таа, во својство на одговорно лице во маркет лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, подолг временски период, противправно присвојувала парични средства, сопственост на правниот субјект кои, и биле доверени за работа. Со тоа, според финансиска документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари, стои во официјалното соопштение од СВР Охрид.

Од компанијата додаваат дека според нивните анализи, просечно дневно се крадело по околу 10.000 денари и прашуваат зошто не е одредена мерка притвор за лицето. (Крај)

извор: ОхридПрес